„СТАБИЛНА ГРЕЈНА СЕЗОНА Е ПРИОРИТЕТ“: Божиновска се сретна со надлежните од енергетскиот сектор
На координациски состанок со претставници на сите надлежни институции од енергетскиот сектор беа разгледани тековните активности и подготвителните мерки за непречено снабдување со топлинска и електрична енергија во претстојната грејна сезона, соопшти Министерството за енергетика.
„Редовниот
ресорски состанок се одржа во Министерството
за енергетика, рударство и минерални
суровини, каде покрај претставниците
на Министерството од соодветните
сектори, присуствуваа и претставници
на компании и институции од енергетскиот
сектор. Во
дискусијата активно учествуваа
раководствата на ЕСМ, МЕПСО, НОМАГАС,
како и претставници на НЕМО, кои ги
изнесоа своите ставови, предизвици и
предлози за натамошно унапредување на
енергетскиот систем и зголемување на
координацијата помеѓу институциите.
Разгледани
беа:
• напредокот
на проектите за енергетска инфраструктура;
• состојбата
со обезбедувањето на потребните
енергенси;
• плановите
за работењето на берзата за електрична
енергија и day-ahead пазарот;
• координацијата
помеѓу институциите за одржување на
стабилноста на системот.“, соопштија од Министерството.
Од таму велат дека министерката Сања Божиновска била информирана за досегашните подготовки и нагласи дека клучен приоритет останува сигурното и стабилно снабдување на граѓаните и индустријата во текот на целата грејна сезона.
„За првпат по формирањето на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, министерката Божиновска воведе пракса на редовни координациски состаноци со сите надлежни институции од секторот. Целта е навремено информирање и координирање на активностите – практика што досега не постоела“, соопштија од Министерството за енергетика.
