Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССНМ, ЗНМ и СЕММ со прашања до политичките партии: Што е за вас новинарството?

ССНМ, ЗНМ и СЕММ со прашања до политичките партии: Што е за вас новинарството?

Со години забележуваме примери  на непринципиелен однос на политичарите кон медиумите и новинарите, што нè исправило пред дилемата: дали најголем дел од политичарите знаат каква е улогата на новинарите и медиумските работници и кое е нивното значење за демократијата?

Затоа, во пресрет на изборната кампања, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) јавно им поставуваат девет, основни, прашања на политичките партии и коалиции кои ќе настапат на предвремените парламентарни избори 2020 година. Дел од нив се однесуваат на нивните ставови за реформите во медиумскиот сектор, гледиштата кон новинарството и идеите што ги имаат околу создавање услови за развој и слободно дејствување на професионалните новинари и медиумски работници, односно за точно, навремено и објективно известување на граѓаните.

Очекуваме политичките чинители во изборите кои се сериозни да дадат искрени одговори кои понатаму ќе можат и да ги спроведат, а со цел подобрување на слободата на изразување и независноста на медиумите во нашата земја. Во наредните девет дена секојдневно и јавно ќе поставуваме по едно прашање со цел подигање на свеста за тоа што значи новинарството во едно демократско општество.

Новинарството е јавно добро и заслужува да добие таков третман, бидејќи нема демократска држава без професионално новинарство и доброинформирани граѓани.

Што е за вас новинарството?



Слично

Поврзани вести