Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССНМ: Изјавата на Заев е сосема спротивна од она за кое се залагаше и ветуваше

ССНМ: Изјавата на Заев е сосема спротивна од она за кое се залагаше и ветуваше

Изјавата на премиерот е сосема спротивна на она што тој се залагаше и ветуваше борба против нападите врз медиумските работници.

Ова стои во реакцијата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во која бараат премиерот да се извини.

Според ССНМ Заев покажува  голема доза на нетрпеливост кон неименуван новинар нарекувајќи го „суетен“.

-И покрај тоа што премиерот не прецизираше кој е суетниот новинар, јавноста препозна дека се работи за  уредникот Бранко Героски кој и самиот соопшти дека по изјавата бил цел на зголемен број на напади и дискредитации на социјалните мрежи-посочија од ССНМ.

Велат дека тоа е доказ за политичарите, посебно оние на високи функции мора да внимаваат при изјавите кои можат да имаат несогледливи штети и последици.


Слично

Поврзани вести