ССМ: „Не може да се одлучува за нас, без нас“
Сојузот на синдикати оваа година по повод Денот на Трудот протестираше со паролата „Не може да се одлучува за нас, без нас“. На неколку различни делови од главниот град тргнаа синдикалците со протестен марш и се пресретнаа пред Владата каде ги посочија своите пораки.
Синдикалците во своето обраќање побара генерално подобрување на правата на работниците, дел од нивните барања се и минимална плата од 13.800 денари, породилно отсуство од 12 месеци но и забрана за договори на определено време.
Исто така, синдикатите на денешните протести по повод Ден на трудот повикаа да бидат вклучени во изготвувањето на новиот закон за работни односи. Претседателот на ССМ, Дарко Димовски читајќи го првомајскиот проглас истакна дека ССМ очекува да биде стожер на новиот закон во насока на негово прилагодување на европското и светското трудово законодавство.
Историјата на овој празник потекнува од 1886 година кога стотина илјади американски работници излегоа низ улиците на Чикаго, за да побараат општо прифаќање на осумчасовното работно време. 1 Мај е неработен ден во Македонија.
Денот е прогласен за државен празник, по НОБ во СФРЈ, а од 1945 година комунистичките власти почнаа да го слават празникот секоја година.
