ССМ и натаму блокиран за легитимниот претседател кој го тргна Митревски
Дарко Димовски кој пред повеќе од една година беше изгласан од синдикалните тела за нов претседател на ССМ не може да стапи на функцијата бидејќи зградата е блокирана по приватна наредба на Живко Митревски кој не може да се соочи со фактот дека повеќе не е лидер на најголемата синдикална организација во Македонија.

Димовски веќе е запишан во Централниот регистар на Република Македонија како претседател на ССМ со што треба да започне да го извршува мандатот, но тој и неговите соработници од гранските синдикати кои беа избркани никако да се вратат во нивниот синдикален дом.



Тогаш Митревски ги избрка четирите најголеми грански синдикати кои го обвинија дека е поставен само за интересот на власта, а не да ги брани правата на работниците..
