Економија, финансии, бизнис

Контакт

ССМ ДО ПОНЕДЕЛНИК НЕМА ДА ШТРАЈКУВА, ТУКУ ЌЕ ПОМАГА ВО ПОГОДЕНИТЕ РЕГИОНИ - синдикалците се веќе на терен

ССМ ДО ПОНЕДЕЛНИК НЕМА ДА ШТРАЈКУВА, ТУКУ ЌЕ ПОМАГА ВО ПОГОДЕНИТЕ РЕГИОНИ - синдикалците се веќе на терен

Синдикатот нема да штрајкува во погодените региони од невремето, туку ќе помага за расчистување, нешто што веќе се прави, соопшти ССМ.

На итна седница на штрајкувачкиот одбор - Претседстелството на ССМ по електронски пат за потреба од ставање на генералниот штрајк во мирување во регионите погодени од невремето во Општините Делчево, Виница и Демир Капија заради потребата од ставање на сите расположливи капацитети за справување со последиците од невремето есногласно изгласа дека генералниот штрајк ќе биде во мирување до завршување на потребата за ангажирање на дополнителни капацитети за справување со последиците од невремето во погодените региони. 

„По информации добиени од штрајкувачите од погодените региони од невремето како и заради ограничувањата предвидени со правилата за генералниот штрајк неопходно беше да се донесе Одлуката врз основа на која 100 отсто од вработените во јавниот сектор во погодените региони, а кои штрајкуваат ќе бидат ставени во функција за расчистување на последиците од невремето. Нашите колеги браќа и сестри синдикалци се веќе на терен и истите помагаат на најпогодените“, се вели во соопштението од ССМ.

Слично

Поврзани вести