ССМ: Дали животот на македонските работници ќе се подобри, ако престанеме да ја пресметуваме Синдикалната минимална кошница?
За три месеци животот поскап за околу 2.500 денари, тие минималната плата ќе ја усогласувале за 1.667 денари!
Ова го посочуваат од Сојузот на Синдикатите на Македонија, од каде додаваат дека „зголемувањето на вредноста на Синдикалната минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2.326 денари“.
- Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година изнесува 67.818 денари, споредена со вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 год. која изнесува 67.382 денари е зголемена за 436 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март изнесува 83.193 денари.
Дополнително, цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) во истиот период на 05.01.2026 година изнесувала 64,50 (денари/литар) , а на 16.03.2026 година 92,00 (денари/литар) или за три месеци се зголемила за +27,50 (денари/литар)
Дали животот на македонските работници ќе се подобри, ако ССМ престане да ја пресметува вредноста на Синдикалната минимална кошница и дали во тој случај македонските работници ќе бидат задоволни со висината на нивните плати како што се обидуваат да ја претстават состојбата владините претставници? - прашуваат во објавата од Синдикатот.
Слично
