Економија, финансии, бизнис

Контакт

Срушивме рекорд по бројот на умрени во 2020 година, дневно умирале по 70 луѓе

Срушивме рекорд по бројот на умрени во 2020 година, дневно умирале по 70 луѓе

Од насилна смрт лани умреле 438 лица што е за 3,5 проценти помалку во однос на претходната година. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 1,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2020 година, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, и тоа 72,8  отсто. Минатата недела заводот објави дека минатата година починале вкупно 25.775 граѓани, што е зголемување за дури 26 отсто споредено со 2019 година.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем и тоа во 41.6 проценти случаи од вкупно умрените, неоплазмите со 15.2 проценти, потоа следат умрените лица како последица од пандемијата на КОВИД-19 со 10.9 отсто, со 5.8 проценти се застапени случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем, додека умрените кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести се застапени со 5.3 отсто од вкупно умрените, а со 3.7 проценти се умрените лица кај кои причина за смрт се болестите на нервниот систем и следат останатите, но со помала застапеност, стои во извештајот.

Од бројот на лица кои имале насилна смрт најмногу се несреќните случаи - 70,5 отсто, самоубиствата учествуваат со 24 проценти, а убиствата со 5.5 отсто.

Во категоријата несреќни случаи на прво место се умрените лица од Други надворешни причини за случајна повреда, со учество од 43.2 проценти во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Кај категоријата самоубиства на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација со учество од 16.7 отсто во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Во категоријата убиства на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин со 3 проценти во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.


Слично

Поврзани вести