Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српските туристи биле најбројни во мај во Македонија

Српските туристи биле најбројни во мај во Македонија

Во мај во земјава имало најмногу туристи од Косово и Србија. 

Од Србија имало 3.490 гости, а од Косово 1.437 туристи. Во истиот период од Албанија имало 1.052 посетители, а од Турција 1.289 гости. Понатаму следат Украина, Германија, Грција, Бугарија, Полска, Романија. 

Во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 16.6 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 44.6 отсто, а кај странските има намалување за 4.9 отсто.

Од вкупниот број на туристи домашни се 18.993, додека странски се 17.527. Од местата најголем дел од посетите биле Скопје односно 12.161. 

Сепак, хотелиерите велат дека и оваа сезона ќе биде слаба. 

foto Wikipedia

Слично

Поврзани вести