СРПСКИОТ МИНИСТЕР ВУЛИН: Ќе останеме во Северна Македонија колку што е потребно за да им помогнеме на граѓаните
Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин, изјави денеска дека српската помош ќе остане колку што е потребно за да им се помогне на граѓаните на Северна Македонија во гаснењето на пожарите, јави дописникот на МИА од Белград.
Тој посочи дека е многу загрижен за големиот број пожари во Пчињскиот округ во Србија, (кој се граничи со Северна Македонија) и изрази сомневање дека повеќето од нив се подметнати.
„Кога за помалку од два часа имате околу 40 пожари на различни локации, тогаш мора да се загрижите и да размислите дали сето тоа има природна причина. Се разбира, има и субјективна и објективна причина“, изјави Вулин и најави за утре обиколка на Пчињскиот округ за „да види што се случува.
Назгласи дека сите пожари во Србија се под контрола и дека граѓаните можат да бидат безбедни.
Апелираше до сите граѓани да не предизвикуваат ненамерни пожари, да не одат во шумите со отворен пламен, да не горат стрништа и да се грижат за отпадот оставен после излетите.
Слично
