СРПСКИ МЕДИУМИ НИ СЕ ИЗНАСМЕАЈА ЗА ЕЛКАТА НА ПЛОШТАД, А ЈА СПОМЕНАА И БИТОЛСКАТА: Еве што пишуваат

Но тоа не беше доволно за српските медиуми, па, користејќи ги сите коментари за кривата и недоукрасена елка, редакцијата на Нова.рс. напиша статија за неа.
„Кога мислите дека сте во лоша форма, потсетете се на несреќната елка во центарот на Скопје
Пред новогодишните и божиќните празници, сите градови во светот традиционално се натпреваруваат кој ќе има најубаво украсување. Елката во Скопје дефинитивно нема никакви амбиции, но брзо стана хит на интернет и е омилена меѓу туристите.
„Несреќната“ новогодишна елка стана позната токму поради тоа што изгледа прилично грдо за новогодишната ноќ - накривена е и недовршена, се чини дека не е ни целосно накитена, а згора на тоа и искривена.

Како и кривата кула во Пиза, изјавија некои, па веднаш почнаа да се сликаат имитирајќиги фотографиите како со Кривата кула - изгледа дека паѓа, па ја држат ...
И покрај тоа, токму таквата елка стана една од градските атракции, сите сакаат да се фотографираат со неа, а нејзината „друга половина“ ја нашле - во Битола.“, гласи текстот за скопската елка.

