Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српски Курир со „бомбастичен“ наслов за „Рекет“

Српски Курир со „бомбастичен“ наслов за „Рекет“

Српски Курир пренесува што наводно кажал Бојан Јовановски во полиција кога бил уапсен.

„Ако ме убијат, доказите против Заев се кај мојата мајка“, гласи ударниот наслов на  Курир.

Понатаму, Курир пренесува зборови што Боки 13 наводно им ги кажал во полиција:

„Ако ме обесите и се обидете тоа да го прикажете како самоубиство, ако овде ме тепате, ме мачите, застрашувате, убаво сега ви кажувам, да не биде дека не сте знаеле, никој нема да биде поштеден“, пренесува медиумот. 

Тој е осомничен во случајот „Рекет“ кој извесно време ја тресе македонската јавноста, а од Италија деновиве се објавуваат „бомби“ за случајот. 

Слично

Поврзани вести