Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРПСКИ ХЕЛИКОПТЕР, ХРВАТСКИ КАНАДЕР, ТУРСКИ ЕР-ТРАКТОРИ ГАСНАТ ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пожарот на Серта се приближува кон селото Калањево“

СРПСКИ ХЕЛИКОПТЕР, ХРВАТСКИ КАНАДЕР, ТУРСКИ ЕР-ТРАКТОРИ ГАСНАТ ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пожарот на Серта се приближува кон селото  Калањево“

И доцна попладнево пожарникарски тимови се обидуваат да ги изгаснат пожарите на повеќе места во Македонија. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вели дека систојбата е крајно сериозна и бара дополнителни активности од локалните власти за да се спречи ширењето на огнената стихихија.

-Врз пожарот над Радовиш дејствува еден српски хеликоптер, над селото Негорци, гевгелиско кон Кожуф дејствуваат три ер – трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, два турски ер – трактори и еден хрватски канадер го гаснат пожарот кај росоманското село Сирково, авионот Спартан е распореден кај Слепче. Еден хеликоптер на МВР дејствува на планината Серта, во атарот на неготинското село Калањево“, вели во својата изјава Ангелов.

Посебно е алармантна состојбата кај Криволак каде што има експлозии од експлозивни средства кои се предизвикани од пламените јазици.

Ова се деталите за пожарите во земјава. 


Слично

Поврзани вести