Српски Блиц пренесува: Македонските Албанци веќе немаат територии за губење
Според тврдењата на српски Блиц, политичките партии во Македонија се против поделбата и менување на границите меѓу Србија и Косово.
„СДСМ се придржува на принципот на неменување на границите на Балканот. Политиката на партијата е насочена кон интеграција на целиот регион, создавање пријателства, развој и унапредување на односите со соседите“, стои во соопштението на партијата.
Од ДУИ сметаат дека вакви теми воопшто не треба да се дискутираат, особено не во период на интеграција во евроатланската структура.
„Претседателот на партијата Али Ахмети веќе неколку пати за оваа тема кажа дека земјата е на добар пат за мир, безбедност, стабилност и економски развој и дека ваквите сценарија може да предизвикаат домино ефект во целиот регион“, соопшти партијата.
Алијансата за Албанците исто така излезе со свој став: „Нема смисла да тргуваме со нашата земја. Албанците повеќе немаат територии за губење, напротив“.
