Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српската полиција трага по македонски државјанин, чија девојка е најдена мртва во Власотинце

Српската полиција трага по македонски државјанин, чија девојка  е најдена мртва во Власотинце

Српската полиција трага по македонски државјанин, чија девојка Саманта В.(31) е пронајдена мртва во стан во Власотинце. 

Смртта на девојката е пријавена синоќа околу 22 часот.

„Постои сомнеж дека Саманта била мртва неколку дена, но дека момчето дури синоќа го пријавило случајот во полиција. Таа беше пронајдена во кревет во локва крв и покриена со ќебе, но не можеше точно да се утврди од што починала, па наредена е обдукција“, вели изворот за српските медиуми.

Македонскиот државјанин кој бил момче на Саманта после тоа исчезна. Тој засега не е осомничен, но потребно е да даде изјава.

На местото каде со години живеела Саманта В., се изненадени за нејзината смрт.

Слично

Поврзани вести