Српска пропагандна војна против Македонија!
Денешните весници во Србија, 22 август 2017 година, се преплавени со насловни страници кои пишуваат за последниот според многумина политиколози и аналитичари невиден преседан со кој Србија го повлече амбасадорскиот персонал на консултации во Белград.
Веднаш во очи паѓаат насловните вести со теми како: „Скандал: Македонците го прислушуваат дури и Вучиќ?“, „Македонски служби ги следеле и заплашувале дипломатите од Србија“, Дипломатска војна: Братот Заев ни заби нож во грб... и слични кои и сами ќе може да ги видите на фотографиите во продолжение.
Образложението на српскиот претседател Александар Вучиќ за повлекувањето на дипломатите во Србија е како што рече дека во Македонија имало офанзивно делување против органите и институциите на Србија во кое што „се замешани и други сили“.
„Имаме неколку причини, но нашите надлежни органи востановија, и дадоа доволно на Владата на Србија, а ми дадоа и мене доволно докази за сознанија кои имаат за офанзивно разузнавачко делување против определни органи и институции на Република Србија. Ние ќе продолжиме да ги развиваме пријателските односи меѓу Белград и Скопје Наше е дамо нашите луѓе да бидат спремни. Ќе има некои промени кај нашиот персонал, и да се заштити пријателството меѓу Србите и Македонците“, рече Вучиќ .
Сличен став излезе и од министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ кој се надополни и дека во македонската дипломатска војна е вмешан и странски фактор, без да нагласи Кој е тој странски фактор.
Српската премиерка Ана Брнабиќ првично соопшти дека не станувало збор за мала работа.
„Што се однесува до Република Мкедонија, утринава имавме состанок и со Министерот за надворешни работи и првиот потпретседател на владата д-дин Дачиќ. Имавме и консултации со Претседателот на републиката затоа што не станува збор за мала работа“, рече Брнабиќ.
Македонската влада пак како и досега потенцираше преку соопштение дека Република Македонија развива пријателски односи со сите соседни земји.
„Кога постојат отворени сензитивни прашања помеѓу два наши соседа, Владата на Република Македонија секогаш ги следи интересите на државата базирани врз принципите на добрососедство и унапредување на регионалната соработка, неутралност и немешање во споровите меѓу државите, во однос на гласањето за членство на Косово во УНЕСКО, Владата на Р.М ќе ги има во предвид позициите на мнозинството земји членки на Европската Унија“, соопштија од премиерскиот кабинет.
Погледнете со какви насловни страни осамнаа дневните весници во Србија...
Информер
Блиц

Ало


Вечерни новости



