Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СРКАМЕ ШТО НИ НАДРОБИЛЕ“: И професорот Дескоски со реакција за тетовскиот судија Ељведин Ферати

„СРКАМЕ ШТО НИ НАДРОБИЛЕ“: И професорот Дескоски со реакција за тетовскиот судија Ељведин Ферати

Откако јавноста остана во шок по пресудата на тетовскиот судија Ељведин Ферати за човекот кој ја прегази Теодора досуди само двегодишна затворска казна, се јавија многу реакции. Се огласи и академската заедница. Овој пат со коментар се огласи професорот Тони Дескоски.

„Пред 10-на години голем дел од Академската заедница бевме згрозени од “силувањата” на Законот за високо образование, кои се правеа преку непрегледна низа од законски измени. Една од тие измени беше и отворањето на “пандорината кутија”, односно воведувањето на законската можност за преполагање на испити за оние кои веќе ги завршиле студиите. Можност да се преполагаат испити и да се вештачки да се зголеми просекот, ама да не се изгуби веќе стекнатата диплома. Преку ноќ слабите студенти со ниски просеци, стануваа “солидни”.

Сега се соочуваме со последиците од таквото законодавно самоволие (сркаме што ни надробиле). Во државната администрација и во правосудството ни се инфилтрирале овие солидни експерти. И се е по закон.

Не можеме да бидеме задоволни затоа што оваа можност за “пумпање” на просеците е укината. Оние кои ја исползувале уште долго време ќе бидат во раководните структури на државната администрација и во правосудството.

п.с. Би било убаво медиумите да покажат иницијатива и да побараат пристап до доказите од Истрагата (која наводно била водена), бидејќи и онака истрагата НЕ е тајна, дури и додека трае“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести