СРЕЌНИ ПРОГРАМЕРИ - за еден месец платата им пораснала за пет илјади денари, сега земаат над 96 илјади
На програмерите платата за само еден месец платата им пораснала за 4.469 илјади денари. Односно, во декември годинава тие земале плата од 96.332 денари, што е многу повеќе од 91.863 денари, колку што во ноември годинава земале во дејноста комјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности.
Комјутерџиите се убедливо со највисока плата во земјава.
Огромни плати од 70.162 денари земаат и во воздухопловниот транспорт, односно контролорите на летање.
Плата од 69.911 денари земаат во просек вработените во дејноста производство на основни фармацевстки производи.
Во финансиски и услужни дејности земаат по 65.885 денари, а во телекомуникацисискиот бизнис просечната плата е 62.066 денари.
Инаку, просечната нето плата исплатена по вработен во декември 2019 година изнесува 26.836 денари, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи раст од 4,1 отсто, а зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите транспорт и складирање за 12,4 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 12 отсто и градежништво за 11,9 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите стручни, научни и технички дејности за 9,3 отсто, информации и комуникации за 8,4 отсто и објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 6,8 отсто. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2019 година, изнесува 39 932 денари.
