„СРЕЌА ГЛЕДА НАРОД ДЕКА СТЕ ИЗМЕЌАРИ“: Арсовска го прозва Николоски
Екс градоначалничката Данела Арсовска продолжува да зборува јавно за дивоградбите во Чаир и да ги прозива владините функционери. Овој пат таа му се обрати на министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.
„Министерот Ацо Николоски ќе уривал дивоградби во Охрид.
А за тие во Скопје не смееш да писнеш.
Среќа гледа народ дека сте измеќари и дека една криминална банда од Чаир ви ги држи под целосна контрола владата, полицијата и обвинителството“, напиша таа.
Слично
