Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средствата од мерките за поврат на инвестициите ќе легнуваат на сметка за два месеци

Средствата од мерките за поврат на инвестициите ќе легнуваат на сметка за два месеци

Средствата од мерките за поврат на инвестициите на микро, малите и средните претпријатија ќе им легнат на сметка за 60 дена откако овие субјекти успешно ќе аплицираат, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев за „Сител“.

- Законот стапува на сила практично од 16 мај, има огромен интерес, уште сега има апликации од 170 компании за некоја мерка од столбовите. Македонската економија мора да биде извозно ориентирана и да биде конкурентна во светот ако сака да се развие. Затоа ние ќе ги помогнеме со овие средства сите што сакаат технолошки да ги напреднат своите производни капацитети - рече Анѓушев.

Тој додаде дека од 1 јуни четири пати неделно ќе има директна авионска линија Скопје - Варшава.

Слично

Поврзани вести