СРЕДНОВЕЧЕН МАЖ ИСПРАЌАЛ НЕПРИСТОЈНИ ФОТОГРАФИИ ДО МАЛОЛЕТНИЧКА - Лицето е зад решетки
Средновечен жител на Македонски Брод оформил лажен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ со женско име и преезиме по што на малолетничка и испраќал фотографии со експлицитна содржина.
Лицето е веќе зад решетки и се терети за производстов и дистрибуција на детска порнографија.
Станува збор за Ј.Б. (48) од Македонски Брод, кој лажниот профил го има малку повеќе од една година, имено тој профилот под женско име го оформил на први февруари 2022 година.
Засега нема информации дали тој вознемирувал и други малолетнички.
„ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ј.Б.(48) од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. На 01.02.2022, пријавениот креирал лажен профил со женско име и презиме на социјалната мрежа Фејсбук и на малолетничка ѝ испраќал фотографии со експлицитна содржина“, пишува во полицискиот билтен.
