Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средношколка физички нападната од соученик, таткото тврди дека подолг период трпела и психичко малтретирање

Средношколка физички нападната од соученик, таткото тврди дека подолг период трпела и психичко малтретирање

Министерство за внатрешни работи информира дека во СВР Скопје бил пријавен случај на физички напад врз малолетничка во средно училиште на подрачјето на Карпош. 

Според пријавата која ја поднел таткото на нападнатата малолетничка, О.С.(45) од Скопје на 18 мај околу 14:30 часот неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик. 

Притоа според неговата пријава, ученичката подолг период била и психички малтретирана од истиот ученик, без да откриваат за каков тип на малтеретирања станува збор, ниту што точно се случувало меѓу двајцата малолетници.

- На 18.05.2026 во 19:15 часот во СВР Скопје, О.С.(45) од Скопје пријави дека околу 14:30 часот во средно училиште на подрачјето на Карпош, неговата 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзин соученик, кој според пријавеното подолг период психички ја малтретирал - се посочува во билетенот на МВР

Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести