Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средношколците излегуваат на протест: Бараат настава во школите

Средношколците излегуваат на протест: Бараат настава во школите

Унијата на средношколците попладнево донесе одлука следниот петок тие да излезат на протест во Скопје, во знак на незадоволство од одлуката на Министерството за образование и наука за тоа учебната година да се следи строго онлајн.

Средношколците веруваат дека треба да постои избор и за комбиниран модел, односно да постои опција да се избере и настава со физичко присуство.

Вкупно 51 претставник на средношколците од 17 градови во земјава преку онлајн состанок денеска одлучија како ќе реагираат на одлуката за онлајн-настава.

Барањето на сојузот на средношколците беше учебната година да започне со комбинирана настава, а не само онлајн, како и нивна поголема вклученост во подготовките за организација и спроведување на прифатениот модел.


Слично

Поврзани вести