Средната пешадиска баталјонска борбена група со показна вежба пред врховниот командант
Најголемата единица на Армијата на Република Македонија, Средната пешадиска баталјонска борбена група пред врховниот командант Иванов и началникот на генерал- штабот со показна вежба за начинот и постапките во тактичките оперативни центри. Оваа декларирана единица и за учество во мировни операции, веќе еднаш беше оценета според стандардите на НАТО со највисоки оценки.
„Денешниот настан е со цел да ги потврдиме подготвеноста, начинот и постапките кои нашите припадници ги прават во тактичките оперативни центри овде. Како и на истурено место надвор од касарната, во село Катланово, каде беа прикажани кои се се постапките и на кој начин се реагира во случај на изведување на вежбата“, изјави потполковник Тони Јаневски, портпарол на АРМ.
Показната вежба е дел од подготвителните активности за обнова на сертификатот издаден од НАТО кој гарантира подготвеност за вклучување на баталјонот во мировните мисии на алијансата. Денешната показна вежба беше и како дел од одбележувањето на 25 години од формирањето на Македонската Армија.
