Економија, финансии, бизнис

Контакт

Среде Вардар ќе никне хотел со 4 ѕвезди

Среде Вардар ќе никне хотел со 4 ѕвезди
Во понеделник ќе почне изградбата на новиот сплав што ќе никне во Вардар. Објектот ќе функционира како хотел кој го гради сопственикот на ресторанот „Воденица“ Стојан Филиповски. Сплавот-хотел ќе има 16 соби, два апартмана, ќе биде долг 35 метри, широк 16 метри, а ќе има три ката. Како што пишува Утрински весник, сопственикот најавил дека неговиот ќе биде најубав сплав од сите што се градат во Вардар, а хотелот ќе биде од висок рангот со четири ѕвезди. Сплавот ќе биде изграден од дрво и готов идното лето, додека Стојановски со него ќе стопанисува следните десет години. Месечната кирија што ќе му ја плаќа „Воденица“ на Градот е 35.990 денари месечно. Таа е двојно помала од онаа за првите два слава кои на јавна лицитација ги доби фирмата „Фаланга“. За галијата спроти Стариот театар „Фаналга“ ќе плаќа месечна кирија од 76.700 денари, а за вториот кај хотелот „Холидеј ин“ киријата е 64.900 денари. Урбанистичкиот план предвидува во реката Вардар да има шест сплава.
Слично

Поврзани вести