Среде бел ден убиство во Чаир, жртвата почина кај бензинската станица
Утрово во вооружен напад во скопската населба Топанско Поле во Чаир убиено е лицето Е.Б.
„На 01.09.2021 година во 09:21 часот пријавено е дека во населба Топанско Поле во близина на бензинска пумпа било пукано во Е.Б. кој починал од повредите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, гласи одговорот од МВР.
Убиството се случило во близина на семафорите во правец на населбата Џон Кенеди. На местото на настанот има полиција и обвинители, како и медицинска екипа.
Слично
