СРЕДБИ И МИТИНЗИ: Каква е денеска агендата на двете најголеми партии?
Kоалицијата „Живот во Македонија“, предводена од СДСМ, денеска ќе оствари средби со граѓаните во Лозово, Градско и Чашка, а вечерва митинзи ќе има во Свети Николе и во Велес.
Коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одржи средби со граѓаните во општините Пласница и во Демир Хисар, а митинзи ќе имаат вечерва во Македонски Брод и во Кичево.
До 13 октомври партиите ќе бидат на терен, со цел да ги запознаат гласачите со програмата за локалните избори и со кандидатите.
Слично
