Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средбата заврши, Заев се согласи за техничка влада, ВМРО-ДПМНЕ излегува на референдум?

Средбата заврши, Заев се согласи за техничка влада, ВМРО-ДПМНЕ излегува на референдум?

Премиерот Зоран Заев изјави дека го прифатиле барањето на ВМРО-ДПМНЕ за пржинска влада.

„Денес го прифативме барањето за законски измени кои ќе овозможа техничка влада да ги спроведува секои парламентарни избори со формат сличен на пржинскиот“, рече Заев.

Парламентарното владеачко мнозинство предводено од СДСМ и од премиерот Зоран Заев се подготвени да му понудат на ВМРО-ДПМНЕ формирање „техничка влада“ на следните избори во замена за поддршка на референдумот за договорот со грција, но не и овозможување на технички услови за амнестирање.

Владејачкиот СДСМ бил подготвен на согласност за законски измени, со кои следните избори ќе се спроведуваат со техничка влада целосно идентична на моделот на „пржинската“, но доколку и опозициската ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да даде гаранции дека јавно ќе ги повика граѓаните да излезат на референдумско изјаснување, со цел процесот да биде успешен од аспект на обезбедување на неопходниот цензус. 


Слично

Поврзани вести