Средбата ЗАЕВ-ШТАЈНМАЕР со позитивна завршница
Решение на спорот со Грција за името ќе даде позитивен импулс за целиот регион и значително ќе влијае на стабилноста, рекол германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер на средбата со премиерот Зоран Заев, кој е во официјална посета на Германија.
Владината прес-служба соопшти дека во разговорот, Заев и Штајнмаер, развојот на односите го оцениле како позитивен и динамичен и се согласиле околу тоа овие позитивни релации да продолжат и понатаму. Зборувале и за членството во НАТО, при што Штајнмаер укажал дека ги почитува напорите на македонската влада и оценил дека се направени значајни промени и подобрувања во однос на спроведувањето на реформи.
Слично
