Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средбата во Виена е решавачка

Средбата во Виена е решавачка


Грчките медиуми сметаат дека денешната средба во Виена на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас со специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц ќе биде решавачка дали ќе има решение за спорот за името на краток рок.

Весникот „Катимерини“, пак пишува дека според одредени информации, медијаторот Нимиц, особено по континуираните средби на Димитров и Коѕијас, оценува дека „нивото на преговори меѓу Атина и Скопје е понапредно од кога било до сега, нешто што во суштина ги олеснува предусловите за договор“.

Онлајн изданието на весникот „Прото тема“ коментира дека „не е мал бројот на оние од Западот“ што ја притискаат Грција и повикувајќи се на дипломатски извори пишува дека е постигнат договор за техничките прашања.

„Но, во суштина, се чини дека Скопје се појавува побескомпромисно во преговорите. За многумина, оваа разврска покажува дека во позадина, пријателите и партнерите на Грција во НАТО и ЕУ веројатно немаат намера да извршат притисоци кон Скопје за отстапки, туку ја притискаат грчката страна кон отстапка од ‘црвената линија’ за сложено име за севкупна употреба (ерга омнес) и од барањето на Грција да се отстранат сите иредентистички наводи од Уставот на Скопје“, пишува „Прото тема“.


Слично

Поврзани вести