Средбата на владите на Косово и Македонија се очекува да се одржи ова лето
Заедничкиот состанок на Владата на Косово и на Северна Македонија се очекува да се одржи ова лето. Вицепремиерот на Северна Македонија, Фатмир Битиќи, вели дека преку оваа средба треба да се докаже регионалната соработка.
Во интервју за KosovaPress, Битиќи ја истакна поддршката на Северна Македонија за дијалогот Косово-Србија, почитувајќи ги интересите на двете страни. Говорејќи за справување со пандемијата, тој рече дека регионалната соработка е клучна за закрепнување на економијата.
„Важно е состанокот на двете влади да биде добро подготвен, со многу јасна агенда и конкретни резултати, бидејќи всушност она што го очекувам е уште еднаш да покажеме дека регионалната соработка е клучна во пост-ковид периодот, регионалната соработка ќе биде клучна за економското закрепнување на земјите од Западен Балкан, особено на соседните земји. Затоа, мислам дека многу скоро, интензивирајќи ги подготовките, ќе имаме можност, а доколку тоа се постигне во текот на летниот период, би било многу добро“ рвели Битиќи.
Во врска со дијалогот Косово-Србија, тој потсети на жртвата на Македонија за промена на името, што, според него, докажува дека само преку разговори може да се решат проблемите.
„Како Влада, ние го поддржуваме дијалогот меѓу Косово и Србија, почитувајќи го интересот на секоја страна и изнаоѓајќи заедничко решение. Сметаме дека само преку дијалог може да се надминат тешкотиите“, рече тој.
Според него, сите балкански земји мора да ги надминат старите предизвици за да преминат во нова фаза на развој и соживот на сите.
„Ова докажува дека ние, политичарите од Западен Балкан, понекогаш сме позрели со своите одлуки отколку оние кои зборуваат за слободите на ЕУ ... Владата во Република Косово, но и балканските влади сфатија дека треба да преземат чекор напред затоа што разбраа дека интеграцијата на Западен Балкан во Европската унија не се прави кога некој друг ќе одлучи, туку се прави заедно со покажување и докажување со конкретни резултати што треба да направиме како регион прво, а потоа со интеграција во ЕУ “, вели тој.
Вицепремиерот на Северна Македонија вели дека за стабилна економија мора да има политичка и економска стабилност. Како што додава дека владите треба да обезбедат предвидливост за да можат да донесат нови инвестиции.
„За стабилна економија со можности за развој, мора да има економска стабилност. За жал, ние од Западен Балкан сме многу кревки како земји и многу лесно можеме да дојдеме до политичка нестабилност. Она на што ние како влада треба да имаме за цел е да им обезбедиме на економијата и бизнисите предвидливост во смисла на законодавство, па дури и во политиките што ги носиме, бидејќи само предвидливоста може да донесе нови инвестициу“, подвлече Битиќи.
