Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРЕДБА ЗАЕВ - МИЦОТАКИС: Грција дава поддршка за почеток на преговори

СРЕДБА ЗАЕВ - МИЦОТАКИС: Грција дава поддршка за почеток на преговори

Во Њујорк, премиерот Зоран Заев се сретна со грчкиот колега, Кирјакос Мицотакис.

Заев на својот Фејсбук профил пишува дека Република Северна Македонија е максимално фокусирана на градењето меѓусебно партнерство засновано на пријателство и заеднички интерес, во интерес на граѓаните на двете земји. 

„Подготвени сме за целосно спроведување на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката меѓу Грција и Северна Македонија“, пишува Заев. 

Мицотакис дал поддршка за отварање на преговори со ЕУ. Разговарале и за унапредувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и директните инвестиции.


Слично

Поврзани вести