СРЕДБА ВО БЕРЛИН: На маса седнуваат Димитров, Османи и Захариева
Македонски и бугарски политичари одат на средба во Берлин.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи престојуваат во посета на Берлин каде вечерва ќе имаат средба со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.
Од Владата за МИА потврдија дека Димитров и Османи се поканети од министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас и германскиот државен министер за Европа Михаел Рот да учествуваат на работен состанок во Берлин.
Целта на разговорите во германскиот главен град е да се најдат начини за приближување на позициите на Скопје и Софија и да се овозможи почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ во рамки на германското претседателство.
Бугарија се заканува со вето на македонските преговорите со ЕУ.Бараат Македонија да признае дека јазикот и народот имаат бугарски корени. За македонската страна ова е неприфатливо.
Особено гласен периодов беше бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов. Тој призна дека Германија врши притисок Македонија да ги почне преговорите.
фото Бгнес
