СРЕДБА ВО АТИНА ОД 80 МИНУТИ: Што разговараа Ципрас и патријархот Вартоломеј?
Грчкиот премиер Алексис Ципрас и вселенскиот патријарх Вартоломеј разговараа во Атина за сите аспекти во односите и проблемите на Грчката православна црква и МПЦ.
Грчката вчада соопштила дека, на состанокот кој траел 80 минути, се поздравени напорите на Вселенската патријархија, додека патријархот Вартоломеј рекол дека Патријархијата работи на православно единство и соработка.
-Што се однесува до црквата во Скопје, прашањето кое го споменавте, тоа е канонска одговорност на Вселенската патријархија, која се обидува да го отстрани расколот, како што работела на православно единство и соработка сите овие години“- рекол Вартоломеј.
Проблемите на грчката и непризнаената МПЦ се обновени во рамки на дијалогот за новото име на Македонија.
