Средба Тевдовски-Богов: Финансии и НБРМ ќе ја унапредуваат соработката
Економскиот тим на Министерството за финансии предводен од Драган Тевдовски денеска се сретна со гувернерот на Народната банка Димитар Богов со цел да иницира подобрување на соработката меѓу овие две важни институции за економијата, едната задолжена за фискалната, втората за монетарната политика.
На средбата и двете страни ја потврдија заложбата за одржување на макроекономската стабилност и спроведување политики кои ќе придонесат за одржлив економски раст.
Слично
