Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средба Спасовски-Тимоние: Франција финансиски ќе и помогне на македонската полиција

Средба Спасовски-Тимоние: Франција финансиски ќе и помогне на македонската полиција

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

Амбасадорот Тимоние му посакал на министерот Спасовски успешна работа во текот на неговиот мандат пренесувајќи му ги и честитките од неговиот француски колега, министерот Брино Ле Ру, како и намерата на француската полиција да помогне финансиски, но и во користењето на финасиските средства од европските фондови наменети за реформа на македонската полиција.

Министерот Спасовски се заблагодарил на честитките и понудената помош, но и за сè она што досега е добиено како помош од оваа пријателска земја. Притоа, Спасовски потенцирал дека особено му претставува задоволство што токму со амбасадорот на Франција ја остварува првата официјална средба во неговиот нов мандат. 


Слично

Поврзани вести