Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средба Шекеринска-Бејли: Добредојдена е поддршката од САД за модернизација на АРМ

Средба Шекеринска-Бејли: Добредојдена е поддршката од САД за модернизација на АРМ

Новата министерка за одбрана Радмила Шекеринска оствари средба со американскиот амбасадор Џес Бејли на која било разговарано за поддршката на САД во напорите за членство во НАТО и модернизирањето на армијата, како и за состојбата со постојаната блокада.

– Министерството и Владата на Република Македонија ја ценат политичката и воената поддршка од САД која е константна и која помогна да се обликува Армијата и одбранбениот систем. Нашата стратегиска определба е полноправното членство во НАТО и во Европската Унија, рече министерката Шекеринска.

Според неа, Македонија е горда што беше еден од иницијаторите на Јадранската повелба, но и дека од денешна перспектива фрустрира што сите останати земји-членки освен Македонија се дел од НАТО Алијансата.

– Напорно ќе се работи на модернизација на Армијата, и повторно ќе се разгледаат приоритетите во областа на одбраната со конкретни рокови за нивна реализација.  Во оваа насока добредојдена е сета поддршка од страна на партнерите како САД, додаде Шекеринска.


Слично

Поврзани вести