Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО АГЕЛЕР: Пристапниот процес не смее да трпи политички притисоци од други земји членки

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО АГЕЛЕР:  Пристапниот процес не смее да трпи политички притисоци од други земји членки

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со амбасадорката на САД, Анџела Агелер и се сложија дека е потребна забрзана евроинтеграција, а пристапниот процес не смее да трпи политички притисоци од други земји членки. 

На средбата разговарале за можностите на соработката меѓу двете држави, за македонските евроинтеграции, како и за потенцијалите кои ги нуди Стратешкиот дијалог за конкретизирање на билатералната соработка меѓу двете земји. Претседателката се заблагодари за севкупната поддршка од САД.

„Како стабилен партнер и докажан сојузник на САД во НАТО Алијансата остануваме фокусирани на заедничките определби за безбедност, слобода и демократски просперитет, со активно учество во заедничките активности во борбата против тероризмот и другите закани врз мирот во светот“, посочила Сиљановска-Давкова.

Двете соговорнички разменија мислења и за исходот од Самитот за мир во Украина.
Инаку, Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот ако сака да продолжи по европскиот пат. Ова барање на источниот сосед уште не е реализирано. Претходно Франција, а потоа и Бугарија ставаа вето на стартот на преговори за Македонија со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести