Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРЕДБА БОЖИНОВСКА - АГЕЛЕР: Поддршка од САД за размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката

СРЕДБА БОЖИНОВСКА - АГЕЛЕР: Поддршка од САД за размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката

САД дава поддршка за размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката.

Министерката за  енергетика, рударство и минерални суровини  Сања Божиновска, денеска се сретна со aмбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. г-ѓа Ангела Агелер.

На средбата се разговараше за новоформираното министерство за неговите цели, активности и проекти. Божиновска ја истакна огромната важност за реализирање на нови  капитални инвестиции во полето на енергетиката и усогласување на постоечките закони со оние на Европската Унија во делот на енергетиката.

„Неопходно е зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји“, изјави Божиновска имајќи предвид дека стратешката определба која е во насока на зајакнување на односите со нашиот партнер САД. 

На средбата се нагласи и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаење во сферата на енергетиката и обновливите извори на енергија.


Слично

Поврзани вести