Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРЕДБА АХМЕТИ-ТИМОНИЕ: Во фокусот случувањата по изборите од 11-ти декември

СРЕДБА АХМЕТИ-ТИМОНИЕ: Во фокусот случувањата по изборите од 11-ти декември

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска се сретна со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. 

Со него разговарале за случувањата по изборите од 11-ти декември. Акцент бил ставен на потребата за политичка стабилност и враќање на евроатланската агенда. 

Ахмети кажал дека ДУИ внимателно и смирено ги следи случувањата, имајќи ги в предвид интересите на граѓаните и потребата за безбедност и стабилност во земјата. Првиот човек на партијата зборувал и за платформата на ДУИ за јазична и економска еднаквост, консензуалност, реформи и владеење на правото, како и евроатлантската интеграција, додаваат од ДУИ. 

Ахмети му пренесе на амбасадорот дека ДУИ е решена да го продолжи патот на партнерство со меѓународната заедница кон интеграција во НАТО и ЕУ, добрососедство, добри меѓуетнички односи, економски развој и општествена благосостојба. 


Слично

Поврзани вести