Економија, финансии, бизнис

Контакт

Среда последен работен ден за премиерот Ковачевски

Среда последен работен ден за премиерот Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски и спикерот Талат Џафери во четврток ќе поднесат оставки, пред формирањето на Техничката влада, објави денеска Канал 5.

Петок ќе биде ден за избор на нов собраниски спикер, кој треба да биде Јован Митрески, пратеникот од СДСМ, а во недела пратениците ќе гласаат за техничката влада- дознава телевизијата од извори од владејачкото мнозинство. 

Според информациите, се очекува овој план утре да биде потврден на понеделничката координација на пратеничките групи во Собранието.

Потоа ќе биде информиран претседателот Стево Пендаровски за доделување на мандат на нов технички премиер, кој во случајов ќе биде Џафери, кој ќе има обврска да го испрати владиниот предлог-состав на министри, заменици и дополнителни министри до законодавниот дом за гласање.

Засега нејасно останува прашањето како власта планира да го спроведе планот до крај, со оглед на најавата дека до Собранието нема да ги испратат предлог-министрите кои и следуваат на ВМРО-ДПМНЕ.



Слично

Поврзани вести