СРЕБРОТО ГО „СЛЕДИ“ ЗЛАТОТО: вредноста со силен раст, инвеститорите бараат безбедни засолништа за капиталот
Цената на среброто денес значително порасна на светските берзи кратко откако цените на златото „експлодираа“. Имено, по златото, кое неодамна достигна историски максимуми, бидејќи инвеститорите сè повеќе бараат безбедни засолништа за својот капитал во турбулентни времиња, тоа се случи и со среброто..
Среброто денес се тргува на берзата во Њујорк Comex за 42,9 долари за унца, а неговата цена за килограм е повеќе од 1.000 швајцарски франци, објавува швајцарскиот јавен сервис RTS.
Вредноста на среброто се зголеми за околу 20 проценти од почетокот на годината, а растот се забрза во август. Инвеститорите се свртуваат кон скапоцените метали поради глобалните неизвесности, а дополнително се мотивирани од очекувањето дека Федералните резерви на САД наскоро ќе ги намалат каматните стапки.
