Срцето на Кастриот Реџепи лежи во Вашингтон и Брисел, вели Арбр Адеми
Пратеникот од ДУИ, Арбр Адеми вели дека пратениците се за една влада, која негува европски и евроатлантски вредности, така што, срцето на пратеникот Кастриот Реџепи лежи во Вашингтон и Брисел. Тој е длабоко убеден дека токму неговата одлука лежи тука.
Тој вели дека немал контакт со Реџепи. Претходно, седницата за гласање доверба на Владата беше прекината, поради немање кворум за работа.
Опозицијата е загрижена за Реџепи, кој денеска не се појави во Собранието.Слична изјава како таа на Адеми денеска даде првиот вицепремиер Артан Груби.
Слично
