Срцето на Гимназијата „Никола Карев“ денес плаче - од училиштето изразија сочувство за смртта на момчињата
Oд Гимназијата „Никола Карев“ се простија со момчињата кои вчера загинаа во сообраќајна несреќа.
Станува збор за Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов и Адам Велков.
„Со огромна тага и неверување ја примивме веста за сообраќајната несреќа во која ги загубив нашите поранешни ученици, Марко, Петар и Адам, матуранти во генерацијата 2020-2024 година, момчиња познати по насмевките, шармот и другарувањата со сите. Срцето на Карев денес плаче. Нашите деца, кои до пред некоја година чекореа по ходниците, седеа во училишните клупи и сонуваа за иднината….тешко е да се поверува дека нивните животи згаснаа прерано. Изразуваме најискрено и длабоко сочувство до семејствата и најблиските. Нека почиваат во мир“, објавија од СУГС „Никола Карев“.

Во несреќата на скопската обиколница загина и баритонот Ристе Велков. Приведен е косовски државјанин, возач на камион кој имал 76 години.
