СРЦЕ СО МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ И РОЗИ: Затворот во Шутка им оддаде почит на загинатите во Кочани
Затворот во Шутка оддаде почит за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е направен спомен-простор со симболично значење. Од Управата за извршување на санкции велат дека загинатите никогаш нема да бидат заборавени.
Директорот на затворот, Бобан Утковски, заедно со својот тим и со помош на штитениците, поставил уметнички обележје во дворот на установата – срце со мотив од македонското знаме, опкружено со засадени 61 розa.
„Срце со мотив од македонското знаме, симбол на животот и обновата, околу кое се засадени 61 роза кои создаваат чувство на заштита, и една ружа на средина за херојот на транспортот на повредените кој заспа од умор и никогаш не се разбуди – место каде што сеќавањето и тагата ќе се претвораат во надеж и сила“, стои во соопштението.
За пожарот, денеска се уапсени уште седум полицајци. На 16 март во пожарот загинаа 59 луѓе, а потоа починаа уште двајца од повредените. Македонија тогаш прогласи седумдневна жалост.