Економија, финансии, бизнис

Контакт

Србов: Треба да бидеме среќни што немаше жртви и повредени

Србов: Треба да бидеме среќни што немаше жртви и повредени

Никола Србов на првата партиска прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не спомна ниту збор за првичните неофицијални резултати од денешните избори туку само посочи дека денот поминал во лоша атмосфера со повеќе инциденти.

„Ние и граѓаните денес имавме можност да бидеме сведоци какви се изборите кои ги организираат од СДСМ. Имаше бројни нерегуларности, се узрупираа државни ресурси, се нудеше поткуп, полициски џипови кружеа низ повеќе градови со активисти на СДСМ за да вршат притисок. Треба да бидеме среќни што немаше повеќе жртви и повредени за што во текот на денот имавме информации за инциденти и насилство, изјави Србов. 

Тој посочи дека подоцна во текот на вечерта од ВМРО-ДПМНЕ ќе соопштат какви се резултатите.


Слично

Поврзани вести