Србов: Се истрчаа јавно дека се согласуваат со ерга омнес употреба, какви почетнички грешки
Аналитичарот и историчар Никола Србов на својот Фејсбук профил коментира дека аматери си играат политика и дипломатија.
„Какви аматери водат политика во државава, извесно е Грција да го отфрли предлогот „Илинденска“ а овие се истрчаа јавно дека се согласуваат со ерга омнес употреба, какви почетнички грешки. Грција веќе си ја осигура ерга омнес употребата, сега ќе им остане уште да смислат име. Какви аматери си играат политика и дипломатија“- пишува тој.

Ова е коментар по повод најновите случувања во преговорите со јужниот сосед.
Слично
