Србите, Турците, Бугарите биле најбројни гости во јануари во Македонија
Србите, Турците, Албанците, Бугарите, Грците и косовските граѓани биле најчести гости во Македонија во јануари 2022 година.
Државниот завод за статистика, oбјави дека бројот на туристите во јануари 2022 година изнесува 39.335.
Од нив, 52.9 отсто се домашни туристи, а 47.1 отсто се странски.
Бројот на ноќевањата изнесува 87.107, од кои 56.5 отсто се од домашните туристи, а 43.5 отсто од странските туристи.
Вкупниот број на туристи во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, е зголемен за 40 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 33.9 отсто.
foto Wikipedia
Слично
