Србите од утре до 15 август нема да плаќаат патарина во Македонија
Србите од утре нема да плаќаат патарина во земјава. За српските туристи кои ќе транзитираат кон Грција од утре ќе има бесплатна патарина.
Тие на граничниот премин Табановце ќе добијат М Смарт-картички со кои бесплатно ќе ги поминат сите патарини до грчката граница. Мерката важи од утре до 15 август. Ваква одлука донесе македонската Владата во знак за благодарност кон Србија за донираните бесплатни вакцини против коронавирусот и вакцинирањето на нашите граѓани.
Слично
