Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРБИТЕ ИЗЛЕГОА СО ДЕТАЛИ: Земјотресот кај Врање го почувствувале жителите на Куманово

СРБИТЕ ИЗЛЕГОА СО ДЕТАЛИ: Земјотресот кај Врање го почувствувале жителите на Куманово

Во близина на српскиот град Врање утрово имаше земјотрес, а истиот го почувствувале и жителите на Куманово. 

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во близина на северната граница на Македонија со Србија, на 10 километри северно од Врање.

„На 13.10.2024 година во 04:48 часот по локално време, земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Врање, на 10 километри северно. Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на V-VI степени од Меркалиевата скала“, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод - Србија. 

Земјотресите со ваква јачина можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје.

Втор послаб земјотрес со јачина од 2.8 степени во истиот регион имало во 8:27 часот по локално време. Минатиот месец имаше неколку слаби земјотреси во Македонија. 

фото: Републички сеизмолошки завод - Србија

Слично

Поврзани вести